ПОВИК ДО ЈАВНИТЕ СРЕДНИ УЧИЛИШТА ЗА ПОДНЕСУВАЊЕ АПЛИКАЦИЈА ЗА УЧЕСТВО ВО ПРОЕКТОТ ИНИЦИЈАТИВА ЗА НОВИ ЛИДЕРИ НА БАЛКАНОТ (БЕЛИ)
Македонскиот центар за граѓанско образование (МЦГО), во партнерство со организации од регионот, објавува ПОВИК ЗА ИЗБОР НА ОСУМ ЈАВНИ СРЕДНИ УЧИЛИШТА од Северна Македонија за учество во проектот „Иницијатива за нови лидери на Балканот (БЕЛИ)”.
Избраните училишта ќе добијат поддршка за градење капацитети, менторство и реализација на ученички иницијативи, со цел зајакнување на ученичките совети и активното учество на младите.
Проектот им овозможува на учениците да развијат вештини за демократско учество, застапување и човекови права.
📅 Краен рок за аплицирање: 23 април 2026
📄 Повик за аплицирање (линк)
❓ Прашања и одговори (линк)
🏫 Список на избрани училишта (објава на 7 мај 2026)